Делев: Владата на СДС за еден месец ги задолжи граѓаните 60 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека новата влада за само еден месец ги задолжи граѓаните за 60 милиони евра.
- Лицемерието на СДС се повеќе доаѓа до израз. СДС откако се на власт секој ден ги задолжуваат граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Потенцирам, секој ден изминативе месец дена Владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра, рече на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него тенденцијата на СДС со ова темпо на задолжување е да ги задолжи граѓаните за 4 години скоро 3 милијарди.
- СДС ги задолжија граѓаните 60 милиони евра уште не дојдени на власт, а не реализираа ниту еден проект. Нема 16.000 просечна плата, нема 100.000 денари плата за докторите, нема 1 километар од најавените 500 километри автопат, рече Делев.
Додаде дека иако од СДСМ велеле дека ќе штедат и оти има пренатрупаност во администрацијата, сега вработувале секојдневно нови луѓе од НВО секторот на СОРОС и новинари блиски до нив.
- Ова е лицемерието на СДС. Манипулирајќи ги граѓаните пред изборите, се што им ветија ги излажаа. Граѓаните се навикнати на сериозна и одговорна влада, а не на влада како на СДС која од ден во ден ги задолжува и нема никаков план и рок за било кој проект во иднина, рече Делев.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
