Дел Понте: Руските удари во Сирија се нешто добро
Поранешниот обвинител за воени злосторства Карла дел Понте, која сега е член на анкетна комисија на ОН за Сирија, ги поздрави руските воени удари врз „терористичките групи“ во таа држава.
– Сметам дека тоа што Русија се вклучи во нападите е нешто добро бидејќи најпосле некој ги напаѓа тие терористички групи – Исламска држава, Ан Нусра и дрги слични на нив, изјави таа за швајцарската телевизија Ет-Те-Ес.
Дел Понте додаде дека „Русите сега помалку прават разграничување меѓу терориститеи останатите, така што тоа сега веќе не е толку добро“.
Коментарот на дел Понте е во момент кога Русија е обвинувана од многу западни сили дека е одговорна за пропаѓање на преговорите кои минатата недела требаше да се одржат за да се стави крај на петте години војна во Сирија. Минатата година Москва почна со воздушни удари врз цели во Сирија по барање на сирискиот претседател Башар Асад.
Дел Понте смета сепак, дека Асад треба да учествува во мировните преговори.
– Ако сакаме да го прекинеме огнот таму. Ако сакаме мир, треба прво да преговараме со Владата, објасни таа давајќи пример со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.
– Милошевиќ веќе беше под истрага кога Американците во Дејтон преговараа со него и беше постигнат мир во 1995 година, истакна Дел Понте.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд