Деканатот на ФЕИТ задоволен од интересот на кандидатите за упис во прва година

Голем интерес за запишување во прва година во 2015/2016 има на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ) каде што аплицирањето е електронско и во тек. За оваа година на ФЕИТ се предвидени вкупно 600 слободни места, 460 за редовни студенти во државната квота и 140 за редовни студии со кофинансирање.
Деканот на ФЕИТ Миле Станковски очекува во првиот рок да бидат запишани повеќе од 360 студенти, колку што беше квотата во минатите години. Квотата годинава е зголемена токму поради се поголемиот интерес на матурантите да студираат технички науки. Интерес за ФЕИТ секоја година има и од по 10-15 студенти од странство.
- Квотите кои ги баравме ни се одобрени од Владата и очекуваме дека оваа година ќе го надминеме бројот од минатата година. Можеби нема да го достигнеме бројот 600, но се надеваме дека државната квота во целост ќе ја исполниме. Според она што досега го имаме на онлајн-пријавувањето, интересот е исклучително голем. И покрај тоа што добар дел од средношколците ги немаат добиено дипломите, бројот на пријавени по интернет е поголем од изминатите години. Особено не радува што квалитетот на пријавените кандидати е доста висок, над 80 отсто се со над 90 поени. Тоа за нас е многу битно зашто инсистираме на тоа, а досега и го постигавме - да примиме добри кандидати со што не е проблем да го одржиме квалитетот на образованието кое го нудиме, изјави Станкоски.
Според деканот на ФЕИТ, Македонија го следи светскиот тренд за зголемување на бројот на студенти на техничките факултети. Со тоа, рече тој, прилично е поголема и можноста за вработување особено сега, кога во земјава доаѓаат странски компании на кои им требаат инженери.
- Добар дел од менаџерите на компаниите бараат инженери и имаат проблем да најдат инженери кои се без работа. Па, добар дел од нашите инженери и пред да дипломираат одат на работа, додаде Станкоски.
Студентите на ФЕИТ се оспособуваат со пракса која мора да трае барем еден месец во годината. За таа цел ФЕИТ има склучено договори за соработка со повеќе од 100 компании каде тие може да одат на практична работа.
ФЕИТ има и богата меѓународна соработка. Продеканот Александар Ристески изјави дека во последните 15 години факултетот има реализирано над 200 проекти. - Поголем дел од нив се меѓународни, и во рамки на тие проекти, остварена е соработка со повеќе од 300 универзитети, компании, истражувачки центри, главно од Европа, но и од Америка, изјави Ристески.
Електронското пријавување на ФЕИТ ќе трае и во деновите на упис во првиот рок (на 13-ти и 14 август), кога покрај онлајн-пријавувањето кандидатите треба и лично да ги донесат документите на факултетот
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
