Дејселблум: Економијата на еврозоната ќе закрепне оваа година
Економијата на земјите од еврозоната ќе закрепне оваа година, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
- Процесот за обновување на економијата продолжува и како што се очекува таа ќе зајакне, рече Дејселблум на прес-конференција по седницата на министрите за финансии на земјите од еврозоната.
Според него сепак се уште има сериозен ризик за економијата.
Тој истакна дека Грција постигнала напредок во реформите, но потребно е да заврши уште многу работа за да постигне спогодба со меѓународните кредитори за надминување на новата финансиска помош.
Според него преговорите на техничко ниво треба да продолжат со солидно темпо за да може да биде постигната спогодба по неколку недели.
Дејселблум смета дека првата оценка на кредиторите за постоење на трета програма за финансиска помош за Грција може да заврши до крајот на март.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци