Македонија
16. September 2022 - 11:49

Дедо платил 700 евра за „брендирани“ производи за домаќинство, приведен измамник од Романија

Полициски службеници од Полициското одделение Ранковце вчера во 13:30 часот во село Ранковце, го лишиле од слобода Г.И. (23) од Романија, кој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра.

-Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава