-->
-->
Дебата за реформите во областа на следењето на комуникациите
-->
Да се поттикне широка јавна дискусија за предвидените реформи за следење на комуникациите е целта на денешната дебата „Реформа на следењето на комуникации - суштински или козметички промени?“
Дебатата, како што посочуваат организаторите, треба да и овозможи на Владата да ги идентификува и отстрани проблематичните точки во предвидените реформи, но и да поттикне дебата кај пратениците за активно да се вклучат во нивното моделирање и на тој начин да ги заштитат интересите на граѓаните кои ги избрале.
На настанот ќе бидат претставени клучните предвидени законски измени во системот за следење комуникации и ќе бидат изложени ставовите на претставници од граѓанските организации за тоа дали реформата обезбедува соодветна заштита на приватноста на граѓаните и ги исполнува барањата на Европската унија за функционален надзор над следењето комуникации.
Дебатата ја организира Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во соработка со Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Институтот за европски политики. Поддржана е од фондацијата National Endowment for Democracy (NED).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници