Дебарските верски старешини ја продолжуваат вековната традиција на соживот
Дебарските верски старешини и верниците, како и за секој празник и за овој, Рамазан Бајрам, ја продожуваат вековната верска толеранција по која е препознатлив поширокиот дебарски регион.
По повод големиот муслимански празник во посета на дебарското муфтиство беше делегација на дебарската парохија, предводена од намесникот Благоја Спироски, каде срдечно добредојде им посака муфтијата Хаџи Рамазан ефенди Хаса.
Спироски од свое и име на православните врници го честиташе празникот со желби за добро здравје, мир, благосотојба.
- Посакувам онака како што се почитуваме ние овдека на овие простори, како што се посетуваме и ние верските старешини и верниците, да преовладее насекадае во нашата земја, регионот и во целиот свет. Само со меѓусебно почитување, доверба, разбирање, помагање едни на други можеме да опстоиме. Дебарскиот поширок регион е препознатлив по вековната верска толеранција и соживот.Така сум убеден дека ќе биде и во иднина, порача Спироски.
Од свое и име на верниците муфтијата Хаса се заблагодари и посака овие средби како и меѓусебните посети на верниците да останат за навек, како што и било до сега.
- Посакувам насекаде да владее соживотот и меѓусебното почитување, мирот и благосотојбата. Дебарскиот крај со векови е препознатлив по верската толеранција. Ние верските старешини даваме свој придонес за таа да продолжи и во иднина, рече Хаса.
Инаку, негувајќи ги традициите како светост наследена од своите предци, православните верници и за овој празник продолжуваат со посети на домовите на нивните соседи, пријатели, колеги засладувајќи се со познатото дебарско шеќерпаре и баклава.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон