Балкан
25. November 2015 - 13:12

Давутолгу: Турција не планира да ги прекине врските со Русија

Турција ги останува отворени сите канали за врска со Русија, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

- Русија е наш сосед, пријател и многу важен партнер. Ние немаме никакви намери поради инцидентот да ги прекинеме врските и да ја интензивираме тензијата со Руската Федерација. Но, ние имаме и ќе го искористиме правото да ги заштитиме нашите граници. Авионот беше перцерпиран како закана и беа применети правила за реакција, посочи Давутоглу.

Тој додаде и дека е невозможно да се озаконат нападите против сириските Туркмени.