Фудбал
26. May 2017 - 13:40

Даниел Фарке новиот тренер на екипата на Норвич

 
Поранешниот тренер на резервниот тим Борусија Дортмунд, Даниел Фарке потпиша двегодишен договор со англискиот фудбалски тим на Норвич.
 
Како што пренесува Би-Би-Си, 40-годишниот Фарке ќе седне на клупата на второлигашот како замена за Алекс Нил кој во март месец беше отпуштен од екипата на Норвич која до крајот на сезоната ја предводеше неговиот асистент Алан Ирвин.
 
Фарке кој целата своја кариера како играч ја помина во клубови на германски клубови од пониските лиги, како тренер резервниот тим на Борусија Дортмунд го презеде во 2015 година, заменувајќи го Дејвид Вагнер, кој сега е тренер на Хадерсфилд.