-->
-->
Данев: Владата на СДС покажа дека го гази правниот систем во оваа држава
-->
-Владата на СДС покажа дека го гази правниот систем во оваа држава. Тие на најбрутален начин вршат негово дерогирање и уништување. Во исто време додека кажуваат лаги за тоа што направиле во сто дена, ние ќе ја прикажеме реалната слика за нивниот учинок. Прво, ослободија познати криминалци на слобода. Во истиот ден кога викаа дека Бајруш Сејдиу не е ослободен, туку пуштен на лекување, тој се сликаше во ресторан поздравувајќи го Зоран Заев. На слобода се најде уште еден осуден криминалец Агим Красниќи. Значи дека во оваа држава имаме подвојување, на поддржувачи на СДС за кој не важат законите, и сите останати. Овие луѓе ќе бидат ставени во погон во пресрет на локалните избори. Второ, владата на СДС најавува закон со кој сака да ги манипулира осудените лица во пресрет на локалните избори. Имаа три месеци да донесат ваков закон и не го ни покренаа прашањето, сега пред изборите најавуваат негово донесување со цел изборна манипулација на оваа категорија граѓани. Ниту закон ќе донесат до изборите, ниту пак им се битни овие граѓани. Единствено што сакаат е да направат уште една изборна манипулација
Трето, владата врши брутално силување на законите именувајќи несоодветни лица на различни позиции, и лица кои не ги исполнуваат основните законски услови. Па така луѓе без познавање на странски јазик се именуваат за директори, историчари стануваат спортски менаџери, луѓе без искуство раководат со институции. Правниот хаос во кој СДС ја втурнува државата ќе има долгосежни последици во иднина. Граѓаните го гледаат хаосот во кој ја втурнува СДС Република Македонија и затоа ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот