Дамаск тврди дека при американски напад биле убиени неколку сириски војници
Сирија денеска соопшти дека неколкумина нејзини војници загинале при вчерашните воздушни напади што ги изврши меѓународната коалиција предводоена од САД во ренот ма градот Ал Танф, во близина на границата со Јордан, што е под контрола на провладините сили.
- Меѓународната коалција предводена од САД вчера изврши напад врз воени кампови што резултираше со голем број загинати и е предизвикана занапѕелна материјална штета, наведе анонимен воен претставник.
Коалицијата предводена од САД вчера соопшти дека извршиле воздушен напад врз припадници на една паравоена групација лојална на властите во Дамаск, кои започнале операција против сириски бунтовници, кои ја уживаат поддршката на САД.
Претставник на Пентагон, кој побарал анонимност, соопшти дека нападот бил извршен во реонот на градот Ал Танф во јужниот дел на Сирија, во близина на границата со Јордан.
Коалицијата соопшти дека нејзините сили истрелале предупредувачки истрели пред да го извршат воздушниот напад.
Сириската војска го оквалификува воздушниот напад како „бесрамна агресија“.
- Обидот да се оправда оваа агресија со тврдење дека силите не одговориле на предупредувањата што биле насочени кон нив, целосно се отфрла, наведе воен претставник, но не прецизираше кој е бројот на загинатите војници при нападот.
Сириската центар за мониторинг за човековите права соопшти дека при нападот се убиени осум лица, од кои повеќето не се припадници на паравоената групација лојална на сирискиот режим.
Ново на Сител
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава
-
Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица
-
Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер