Дали сте свесни дека лошата храна ве убива?
Секако дека ниту еден од нас нема да живее вечно, сите имаме свој суден ден, но по се’ изгледа најголема пресуда ни донесува она што секојдневно го консумираме (или не го консумираме).
„Guardian“ ги објави најновите резултати од големата студија во врска со болестите коишто го погодуваат целото човештво, а коишто покажуваат дека исхраната е клучен причинител за една од пет настанати смртни случаево на светот. Тоа значи дека милиони луѓе едноставно консумираат премногу сол и шеќер, а не внесуваат доволно количество на интегрални житарки, овошје, семиња, јатки и рибини масла.
– Ова е огромен светски проблем, порачува доктор Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика и проценка на здравјето на Универзитетот во Вашингтон.
Меѓутоа, недоволниот број на здрави намирници во секојдневната исхрана остава и многу полоши последици по здравјето од консумацијата на нездравите. Сепак, тоа е проблем којшто во голема мера зависи и од економијата.
– Да го земеме како пример овошјето, вели Мареј.
– Точно е дека тоа е корисно за здравјето, но само богатите јадат многу овошје, со по некој исклучок.
Покрај исхраната, водечки фактори за ризикот од смрт се и пушењето и високиот крвен притисок. Меѓутоа, студијата “The Global Burden of Disease” дошла и до неколку охрабрувачки откритија – очекуваното траење на животот е продолжено од 75.3 години за жените и 69.8 години за мажите.
Исто така, опаднат е и бројот на смртни случаи како резултат на инфективни болести.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло