Дачиќ: Не се оттргнати проблемите поради кои почнаа војни на Балканот
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати.
– Не предупредуваат од ЕУ бидејќи го користиме терминот Република Македонија. Имаме проблеми во преговорите со ЕУ...Велат – мора ПЈРМ. Не удираат по глава што ја признавме Македонија под нејзиното уставно име. Грците се лутат, ЕУ се лути, а Македонија гласа за Косово во Унеско. Сакате да бидеме пријатели? Ќе бидеме, но тоа мора да биде обострано, наведе Дачиќ во интервју за телевизијата Хепи.
Во интервјуто, чии делови пренесе Танјуг, тој вели дека „само слеп човек може да верува“ дека е ставена точка на проблемите на Балканот.
- Регионалните конфликти ќе траат се додека траат и причините за тие проблеми – ако сите проблеми ги ставате под тепих ќе се сопнете од нив, изјави Дачиќ.
– Дали се оддалечени проблемите поради кои почнаа војни на Балканот – не се. Ова е само интермецо меѓу некои нови судири, не поради Србите, туку поради нерешените прашања на Балканот. Ако големите сили тоа не го разбираат, тие прават проблеми, ќе се вртиме во круг, истакна тој.
Зборувајќи за притисоци на големи сили на држави кои не го признале Косово, Дачиќ директно ги посочи САД, Велика Британија и Франција.
– Јас не можам да кажам дека тие ни се пријатели, нека извини претседателот Вучиќ. Тие не работат за наши интереси, тие работат против нашите интереси. Може да ги почитувам како партнери, но далеку од тоа дека ни се пријатели, истакна тој.
Според него, „Русите се пријатели, наши браќа“.
– Русија нема да дозволи Косово да стане членка на ОН бидејќи имаат право на вето, напомена Дачиќ.
Во врска со односите во регионот Дачиќ укажа дека Србите во Словенија немаат статус на национално малцинство, дека во Хрватска Србите некогаш биле конститутивен народ и дека Хрватите сега се проблем за БиХ.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево