Цветковски: СДС соочена со пораз прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата
СДС соочена со пораз на следните локални избори прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата, обвинува Марио Цветковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Поминаа три дена и има целосен молк од надлежните откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше малтретиран без никаква причина. Сето ова е напишано и во SWOT анализата на СДС за Кисела Вода каде се гледа дека власта дрско и брутално планира на овие избори да ја користи полицијата во функција на предизборен инжинеринг. За овој тежок скандал мора да има одговорност. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директна злоупотреба на полицијата во партиски цели на СДС. Оваа пракса мора да престане. Наместо кон штитење на правната држава, полицијата на Спасовски е насочена кон криминогени активности и изборен инжинеринг. Мора да има одговорност. Мора да има санкционирани поради ваквите злоупотреби. Нема да успеат. Ова е израз на очајот и паниката од страна на СДС соочени со слабата поддршка на СДС. Никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите. Ништо повеќе не може да му помогне на СДС, порачува Цветковски.
Тој потенцира дека на 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат злоупотребите на институциите во теснопартиски цели.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци