Ракомет
6. јуни 2017 - 0:14

Циндриќ по стапките на Душебаев во Кјелце

 
 
Лука Циндриќ кој со голот во последната секунда од полуфиналето протиов Барселона, го одведе Вардар до финалето во Лигата на шампионите, а подоцна го освои и шампионскиот трофеј, од следната сезона ќе се пресели во полскииот тим Кјелце.
 
Како што објавува хрватскиот веб-портал „Индекс“, 23-годишниот хрватски репрезентативец веќе го договорил трансферот со полскиот шампион и тоа на три сезони. 
 
За хрватскиот бек, според „Индекс“, биле заинтересирани и најголемите европски клубови, Барселона, Веспрем и Рајн Некар Левен, но Циндриќ сепак, се одлучил за полскиот тим кој од клупата го предводи Талант Душебаев, а за кој следната сезона ќе настапува и неговиот син актуелниот вардаровец Алекс Душебаев.