Членови на Изборниот колеџ од Вашингтон парично казнети затоа што не гласале според волјата на избирачите

Четири членови од Вашингтон во Изборниот колеџ на САД, кој официјално во понеделникот го избра Доналд Трамп за нов претседател на земјата, ќе бидат парично казнети за тоа што не гласале според волјата на избирачите од оваа северозападната американска сојузна држава.
Секој од нив треба да плати парична казна во износ од илјада долари.
Претседателските избори во САД се индиректни. На 8 ноември избирачите во земјата гласаа за пополнување на составот на Колеџот, кој официјално го избира претседателот. Членовите на Колеџот од повеќето држави не се должни да гласаат во согласност во волјата на гласачите, но по традиција го прават тоа.
Електорите од Вашингтон немаат право да гласаат по сопствено видување, но и покрај тоа четворица од 12-те членови на Колеџот пд оваа држава не гласаа во согласност со волјата на гласачите. Наместо да гласаат за кандидатката на демократите Хилари Клинтон, која победи во Вашингтон, тројца од електорите гласаа за поранешниот државен секретар Колин Пауел, кој воопшто не беше вклучен во претседателската трка. Четвртиот „бунтовник“ од северозападната сојузна држава ја поддржа Индијанката од племето Сијукси, Фејт Спотид Игл, која активно учествувала во кампањи, кои доведоа до блокирање на два проекта за нафтоводи во САД.
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека рекорден број електори, седуммина, не гласале во согласност во волјата на избирачите. Освен четворицата од Вашингтон, меѓу нив се и двајца од Тексас, каде победи Трамп и еден од Хаваи, каде победи Клинтон. Тие во Тексас гласале за поранешниот конгресмен Рон Пол и за гувернерот на Охајо Џон Кејсик, наместо за кандидатот на републиканците. Електорот од Хаваи го поддржал соперникот на Клинтон во борбата за номинацијата на кандидатот на демократите, Берни Сандерс.
Со тоа е надминат рекордот од далечната 1808 година, кога во Изборниот колеџ имало шестмина електори, кои не ја изразиле волјата на народот и сите тие биле од Њујорк, додаба весникот.
Доналд Трамп во понеделникот официјално беше избран за претседател на САД со поддршка на 304 членови на Колеџот, наспроти 227 гласови за Клинтон. На изборите на 8 ноември кандидатот на републиканците обезбеди 306 електори, додека на демократите 232.
Изборниот колеџ има вкупно 538 членови и за победа е потребно мнозинство од 270 гласови.
На 6 јануари е свикана заедничка седница на двата дома на Конгресот, на која треба да се потврдат резултатите од гласањето во Колеџот. Трамп ќе стане 45. претседател на САД на 20 јануари, кога ќе положи заклетва.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
