Свет
28. February 2017 - 11:04

Четворица загинати во пад на мал авион врз куќи во Риверсајд, кај Лос Анџелес

Четири лица загинаа, а уште најмалку петмина се водат за исчезнати откако мал авион „Цесна 310“ се урна врз две куќи во Риверсајд, во непосредна близина на Лос Анџелес.

- Авионот, под неразјаснети околности, се урнал набрзо по полетувањето, изјави портпаролот на федералната администрација за цивилна авијација, Јан Грегор, пренесоа француските медиуми.

Шефот на противпоражната служба, Мајкл Мур, пред новинарите кажа дека во авионот имало пет лица и дека леталото се распаднало на два дела кога паднало врз куќите, во кои во тој момент биле станарите.

Едно девојче, кое испаднало од авионот, со помали повреди ја преживеало несреќата, додека еден маж во критичниот момент бил во една од куќите.

- Спасувачите трагаат по уште пет лица, додаде Мур.

Според него, не е познато дали  четворицата загинати биле во авионот или на земјата.