Честитка од претседателот Иванов по повод почетокот на рамазанските пости
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.
- Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод почетокот на рамазанските пости. Во исламот, Рамазан е светиот месец кога се слави духовното и телесното прочистување. За муслиманските верници започнува постот преку покајание и молитва за поклонение пред Бога. Учењата велат дека помагајќи ги сиромавите и изнемоштените, верниците се надеваат на милост и простување на гревовите пред портите на рајот, за себе и за своите блиски, наведува во честитката претседателот Иванов.
Солидарноста и милосрдието, додава, се заеднички вредности на кои нè учат религиите. Но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме.
- Во духот на празникот, Ви посакувам лесни рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам мир, благосостојба, љубов и простување, истакнува претседателот Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден