Честитка од Димитриев по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев упати честитка по повод 24 мај - Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.
- Ова е значаен ден на кој се потсетуваме на вредностите на големите просветители и светци, на нивната посветеност и карактер, на нивните заслуги и нивниот придонес кои се од непроценливо значење за нашата и за други земји во Европа. Ова е и ден на кој го славиме нивното епохално дело – глаголицата, која стана основа за културен и цивилизациски развој на многу европски народи, вклучително и македонскиот, и која придонесе да можеме да создаваме, да се изразуваме, да соработуваме и да оставаме траен код во светската историја, се вели во честитката.
Наши се, како што истакнува Димитриев, честа и привилегијата да го прославиме нивното наследство, а воедно да живееме и твориме на земја во која сесловенските просветители поминале голем дел од својот живот.
- Нивните дела претставуваат синоним за верба, трудољубивост и пожртвуваност и поради тоа нивните лик и дело ќе останат вечно да се празнуваат и да инспирираат голем број идни македонски поколенија. Придобивките кои тие ни ги овозможија, а пред се всадувањето на потребата од учењето и од постојаниот духовен развој, и постојано унапредување на способностите и знаењата, да ни послужат како инспирација и мотивација за постојано надградување на потенцијалите и создавање на трајни дела кои се од интерес за сите граѓани на нашата земја и за изградба на силна и напредна Република Македонија, истакнува во честитката Димитриев.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци