Чешката железничка компанија „Локо Транс“ ќе отвори регионален логистички центар во Македонија
Железничка компанија Локо Транс планира да отвори регионален логистички центар во Македнија. Овој чешки железнички гигант има намера од Македонија да ги сервисира активностите кои ги има во повеќе земји од поширокиот регион. Во моментов се бара локација за изградбата на логистичкиот центар за сите операции на Локо Транс на Балканот, вели сопственикот на компанијата.
- Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници. Железничката индустрија нема граници. Во Македонија се одлучивме да инвестираме најмногу поради местоположбата на земјата, како и Коридорите 8 и 10, но и поврзаноста со соседните земји. Исто така, во Македонија наидовме на квалификувана работна сила во секторот на железничкиот инженеринг, па затоа и очекуваме час поскоро да почнеме со нашата инвестиција тука“, изјави сопственикот на „Локо Транс“, Карел Јалови.
На почеток компанијата тука ќе ги одржува своите шински возила во единствена работилница која ќе ги задоволува ЕУ стандардите на Балканот и преку мобилни тимови даги нуди своите услуги на клиенти од целиот регион. Во следната фаза планира да стане прв производител на вагони во Македонија.
- На Балканот не постојат сертифицирани и лиценцирани работилници за одржување на вагони, особено на товарни вагони, сертифицирани по европските стандарди. Работилницата која се предвидува да биде отворена во Македонија ќе биде сертифицирана по највисоките европски стандарди, бидејќи голем број вагони кои транзитираат низ Република Македонија, а за кои се потребни сервис и одржување, бараат изведувачот на сервисот да поседува европски сертификати. Сите соседни држави поради постоењето на овие сертификати ќе бидат на некој начин приморани да гравитираат кон оваа работилница која се планира да се отвори во Република Македонија, вели Дејан Трпевски, менаџер на Локо Транс- Скопје.
Компанијата, чија инвестиција неодамна ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, планира во Македонија да вложи 20 милиони евра. Груевски покрај оваа најави уште три странски инвестиции со што ќе се креираат 1.300 нови работни места.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар