Ракомет
25. October 2016 - 19:47

Червар го објави списокот со 21 играч за дуелите со Украина и со Чешка

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во Скопје на 30 октомври недела а Червар за првиот собир повика 21 ракометар. Првиот ден репрезентацијата ќе тренира во попладневните часови во СРЦ Кале. Првиот натпревар во Скопје против Украина нашата репрезентација ќе го одигра на 2 ноември, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.