-->
-->
Червар: Дуелот со Цеље е испит за нашата екипа
-->
Ракометарите на Металург првата фаза од групата од Лигата на шампионите ја завршија со две победи (дома) и три порази (гости), а до репрезентативната пауза ќе одиграат уште еден натпревар од СЕХА лигата на домашен терен. Во Скопје ќе гостува словенечкиот првак Цеље и екипа која на последното гостување во Лигата на шампионите одигра нешерено со Кристијанштад.
На денешниот прес тренерот на Металург Лино Червар напомена:
- Со Монпеље бевме ослабени поради отсуството на поврдените играчи (Обрадовиќ, Младеновиќ и Драгаш), за дуелот со Цеље во ротација ќе го имаме и Илиќ кој тука има право на настап. Без ротација имавме сили да одиграме добро само едно полувреме. За нас ниту еден дуел не е лесен. Цеље е незгодна екипа која негува брз ракомет, а најдобри се во транзицијата и тоа ќе биде вистински испит за нашата млада екипа.
На последните дуели Марко Нелоски е се почесто во составот со поголема минутажа:
- Екипата на Цеље е силна на контра и полуконтра и брз центар, тука треба да ги спречиме. Ака бараме позитивен резултат треба да одиграме 60 минути, како што беше тоа во првиот дел на дуелот со Монпеље.
Натпреварот од СЕХА лигата Металург - Цеље се игра во четврток со почеток во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ (ВИП Арена)/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци