-->
-->
Червар: Да одиграме подобро отколку на дуелот во Злин
-->
Погледите и очекувањата на спортска јавност утре ќе биде свртени кон Плзен, каде и Македонија гостува на Чешка.Домаќинот сеуште го памети јунскиот бараж кога остана без пласман на Светското првенство во Франција, а селекторот на Македонија Лино Червар го памети првиот дуел од баражот кога Чешка победи со 28:22.
- Мораме да се концентрираме, тренингот е релаксирачки. Да се фокусираме, вечерва ќе имаме и разговори. Знаеме дека утре ќе сакаат да стигнат до победата и со поголема разлика, дека последното коло го играме дома против нив. Ние сакаме да направиме и изнендување. Да одиграме подобро од последниот дуел со нив во Злин. Ги анализиравме и вчера многу повеќе трениравме во Скопје. Ги гледав со Исланд. Јиха и Хорак ги вклучија во одбраната, Хорак игра на позицијата 3, а Јиха како 5. Добија со нив на висина. Нам ни недостасува малку искуство во ротацијата.Имаме предизвик, дали ќе имаме доволно трпение во нападот. Ќе внимаваат на Кире и неговата соработка со пикерот. Не сум убеден дека со напад ќе победиме тука, туку со одбраната. Нападот не смее да „расипува“ топки, ќе влијае и критериумот на судење и нашето враќање во транзиција. Ќе биде важна и позиционата игра и ќе мора да бидеме многу подобри во однос со Украина. Со отсуството на Миркуловски немаме продоор кон напред. Тука сме со 17 играчи ќе решиме вечер или утре наутро, кој ќе отпадне од конкуренција. Тимот мора да го одигра натпреварот, истакна пред тренингот селекторот Лино Червар.
Фото: Игор Паневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп