Македонија
17. November 2015 - 16:36

Чавков место Спасовски на Конференција за бегалците во Словенија

Грција е првата линија на која Европа треба да ги насочи своите ресурси за справување со бегласката криза и спречување на напливот на бегалци. Ова го заклучиле првите луѓе на полициите од Западниот Балкан на нефпотмален состанок во Брдо кај Крањ. Макеоднските позиции и потребата од засилени мерки за заштита на границите ги застапувал заменикот Митко Чавков.

-Сите бевме согласни дека главните мерки за заштита на европските граници треба да бидат насочени кон Грција како земја членка и согласно шенгенскиот договор, вели Чавков.

Земјите од Балканаксата рута чувствуваат се посилен притисок од напливот на мигранти откако по терористичките напади во Фрнација земјите членки на Европската Унија воведоа порестриктивна политика. Во таа насока се и одлуките во Словенија, Хрватска, Србија и Макеоднија за засилување на мерките за обезбедување на границите. И Советот за безбедност кој викендов се одржа во претседатлската вила заклучи дека евентуланото редуцирање на протокот на мигранти од земјите на север ќе резултира со поставување жица за намалување на влезот во земјава. Тоа нема да значи затворање туку посилна контрола на границата со Грција.

Состанокот од кој произлегуваат значајни насоки за понатамошно решавање на бегалската криза во регионот не бил на приоритетната листа на новиот министер за внатрешни работи од СДСМ. Медиумите во изминатите денови од неговото стапување на функција пишуваа за неговиот интерес за избор на луксузни службени возила, мобилни телефони и дипломатски пасоши.