Македонија
28. November 2017 - 11:41

Чавков годинава имал инфаркт - полицијата не дозволува семејството да му донесe лекови

На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој пред неколку месеци доживеа срцев удар, полицијата не дозволува блиските да му достават лекови во Кривичниот суд.

Чавков изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот. Полицијата не дозволила блиските да му достават лекови во Кривичниот суд.

Според првичните сознанија, Чавков е уапсен во врска со истрагата за насилствата во Собранието од 27 април, кога раководеше со оперативниот штаб на МВР.