Цените на производителите на индустриски производи во август повисоки за 2,7 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а за 2.7% на годишно ниво.
Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%.
Во август годинава, во однос на август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел