Цената на нафтата падна на нула долари за барел
Цената на нафтата на дванаесет годишен минимум, а укинатите санкции кон Иран допонително ја намалуваат вредноста на црното злато. Барел нафта од типот брент падна под 28 долари. Аналитичарите велат дека трендот ќе продолжи затоа што Иран дневно ќе пласира на пазарот по половина милион барели дневно.
Иранската нафта се враќа на пазарот во исто време со слабеењето на огромната кинеска економја. Проценките се дека на пазарот ќе има вишок од 1,5 милиони барели дневно во првата половина од 2016 година. Забавувањето на растот во Кина само ќе даде придонес кон помалата побарувачка и за аналитиларите е знак дека дното се уште не е допрено.
Во прилог на ова е и веста од Северна Дакота – американската нафта со најслаб квалитет се тргувала по цена под 0 долари за барел, па купувачот побарал од продавачот да му доплати 0,5 долари за барел.
Во Северна Дакота се произведуваат околу 15.000 барели дневно неквалитетна нафта која највисока цена имала во 2014 година кога се продавала за 47 долари за барел.
Цената на нафтата тоне од средината на 2014 година. Причина за тоа се големото производтсво, прекумерните залихи и слабатапобарувачка заради забавената глобална економија.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар