Фудбал
16. September 2017 - 9:34

Бундес лига: Хановер сигурен против Хамбургер

Со триумфот против Хамбургер постигнат синоќа екипата на Хановер по првиот одигран натпревар од 4.коло од Бундес лигата е сама на првата позиција со 10 бодови. Хановер до победата од 2:0 стигна со головите на Мартин Харник (50.минута) и на Илас Бебоу (82.минута). 
Денеска се играат пет натпревари од 4.коло од Бундес лигата, додека утре на програмата се три дуели во кои играат екипи кои можат да го минат Хановер на врвот на табелата.
Борусија Дортмунд и Хофенхајм, кои имаат по седум бодови своите натпревари од ова коло ги играат на домашен терен. Овие два тима заедно со Хановер се единствените без пораз во Бундес лигата.