Свет
12. September 2015 - 8:50

Бројот на жртвите од паднатиот кран во Мека се искачи на 107 лица

Најмалку 107 лица загинаа при падот на кран врз Големата џамија во Мека за време на силни ветрови и обилни врнежи. При несреќата има и 238 повредени.

Сите повредени биле однесени во болница, а сите тела на загинати се извадени од уништената џамија.

Несреќата се случува помалку од две недели пред почетокот на годишниот аџилак, на кој Саудиска Арабија очекува над еден милион муслимански верници од 21 септември. Во земјата веќе пристигнаа околу 800 000 верници, соопшти државната агенција СПА.