-->
-->
Британските лабуристи најавуваат блокада на Брегзит ако нема договор со ЕУ
-->
- Министерот за финансии во „Владата во сенка“ на британската опозициска Лабуристичка партија, Џон Мекдонел најави дека Парламентот во Вестминстер ќе го блокира процесот за Бгрезит, доколку конзервативната Влада на премиерката Тереза Меј не постигне договор со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ. Преговорите за Брегзит меѓу Лпндон и Брисел во моментов се во застој поради несогласувањата околу висината на средствата што треба да ги плати Велика Британија за „разводот со ЕУ“, како и околу идните односи меѓу земјата и Унијата.
Повеќе претставници на британската Влада и на владејачката Конзерватива партија претходно најавија дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ и без да биде постигнат договор со Брисел.
Со владиниот план за Брегзит, Владата вети дека договорот за Брегзит ќе го достави на усвојување во Парламентот, но сепак пратениците не можат да ја блокираат еветуалната одлука на Кабинетот за излез од ЕУ без договор.
Мекдонел, кој е еден од најблиските соработници на лидерот на лабуристите Џереми Корбин, меѓутоа тврди дека лабуристите имаат доволна поддршка во Парламентот за да ја блокираат идејата за Брегзит без договор.
- Не мислам дека (Брегзит без договор) е реално можен. Тоа нема да се случи. Не мислам дека има доволно мнозиство за напуштање (на ЕУ) беа договор, изјави Мекдонел за Би-Би-Си.
Тој тврди дека лабуристите имаат доволно мнозинство во Парламентот за донесување закон, кој би ја оневозможил Владата да донесе одлука за Брегзит без да биде постигнат договор со ЕУ за тоа.
Од друга страна и британскиот министер за транспорт Крис Грејлин во изјава за Би-Би-Си нагласи дека не очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ без да биде постигнат договор со Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
