Свет
2. May 2016 - 10:33

Бренан: Отстранувањето на Абу Бакр ал Багдади ќе доведе до уништување на ИД

Отстранувањето на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади ќе доведе до губење на влијанието на терористичката групација и таа ќе биде уништена, изјави денеска директорот на ЦИА, Џон Бренан за американската телевизија Ен-Би-Си.

- Ако дојдеме до Ал Багдади, тоа ќе биде моќен удар врз групацијата, кој ќе се почувствува целосно. Освен тоа гледаме дека групацијата има разгранета структура. Таа е присутна не само во Сирија и Ирак, туку и во Либија, Нигерија и други земји. Треба да одделиме повеќе внимание за уништување на сите елементи на групацијата.

Директорот на ЦИА не се согласува со тоа дека американското разузнавање првично ја потценило заканата, која ја претставува ИД.

- Сепак нејзината сила порасна многу побрзо, отколку што сметавме, додаде тој.