-->
-->
„Бота сот“ објави список на членовите на тајната косовска служба
-->
Приштинскиот весник „Бота сот“ објави список на припадници на тајната служба (ШИК), која ќе послужи како конкретен доказ на Специјалниот суд за процесурање на членовите на поранешната Ослободителна војска на Косово, кои извршиле воени злосторства.
Листата со досиејата и детални информации за припадници за припадниците на ШИК е изработена од КФОР. „Бота сот“ посочува дека податоците биле објавени во мај 2014 година.
Листата содржи податоци за 150 лица од цело Косово, пренесе Танјуг.
Податоците треба да послужат за разјаснување на убиствата, насилствата и злосторствата извршени во 1998 и 1999 година во Косово.
Поранешната ШИК по војната во Косово беше контролирана од владејачката Демократска партија на Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија