Свет
17. February 2018 - 9:59

Бомбашки напад во Нигерија, 18 мртви

Во самоубиствен бомбашки напад извршен од три лица во  во североисточниот нигериски град Мајдугури текот на минатата ноќ загинаа најмалку 18 луѓе, соопшти полицијата.

Нигерискиот град Мајдугури се смета за епицентар на бунтот на исламските екстремисти од групата Боко Харм.

Полицискиот комесар од државата Борно, Дамиан Чукву изјави дека нападот се случил на рибниот пазар во близина на главниот град на државата и оти во нападот се повредени 22 лица.