Бизнис
20. January 2016 - 19:50

Бизнис елитата на Светскиот економски форум во Давос

Достигнувањата  во технологијата, бегалската криза и тероризмот, климатските промени и се подлабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните во фокус на годинешниот светски економски форум.

И оваа година студеното швајцарско гратче Давос домаќин на околу 2500 учесници од над 100 земји, меѓу кои и 40 шефови на држави, директори, бизнисмени и познати личности од шоу бизнисот.

На форумот беше потенцирано дека 1 % од луѓето во светот имаат повеќе богатство отколку останатите заедно. Аналитичарите пак истакнуваат дека токму учесниците на форумот кои платиле големи суми за да бидат дел од настанот,  спаѓаат во првата група која го поседува најголемото богатство.

Се поголемата дигитализација во индустриското производство  може да доведе до укинување на 5 милиони работни места до 2020 покажува една од анкетите во рамки на форумот.

Климатските промени и претприемништвото пак беа во фокусот на обраќањата на славните

Не секој може да си дозволи да учествува на форумот во Давос, каде што за посетатата на настанот се потребни околу 20 000 долари.

Околу 1000 компании пак, чии претставници учествуваат на форумот имаат платено годишен придонес од 458 000 евра за да учествуваат.

На форумот отсуствуваа главните актери  на светската политичка и економска сцена. Обама Путин и Меркел ги пратија своите заменици.