Бизнис
13. December 2017 - 13:28

Бирото за јавни набавки почнува да ги објавува склучените договори на државните органи

Сите склучени договори од страна на државните органи ќе бидат достапни на јавноста. Бирото за јавни набавки од денеска треба да ги објавува на својата веб страна сите склучени договори.

Ваква информација е усвоена вчера на седница на Владата со препорака на сите договорни органи, јавни претпријатија, единици на локалните самоуправи, јани претпријатија, јавно-приватните субјекти основани од Владата, како и трговски друштва во сопственост на РМ да ги објавуваат договорите за јавните набавки.

Портпаролот на Владата на РМ Миле Бошњаковски информира дека ќе бидат објавувани сите договори од јавни набавки и оние кои се со износ под 5.000 евра.

Договорите ќе бидат прикачувани на веб страницата на Бирото за јавни набавки.