Македонија
18. September 2015 - 17:37

Безбедносна конференција во Охрид

Европа се покажа тотално неподготвена  за најголемата хуманитарна криза која се случи во современите меѓународни односи.Кризата покажа дека во пракса не постои заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ односно дека Унијата на меѓународната сцена не делува како единствен актер  ниту пак се реализират одредбите од бројните декларации за човекови права истакна Вукадиновиќ-професорка на Факултетот за политички науки од Загреб на конференцијата на тема Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ која што се одржува во Охрид.

Проблемот со кризата е повеќедимензионален со политички економски социјални и безбедносни димензии така што постојат многу поедници и групи кои заработуваат на маката на бегалците.

Инаку Институтот за безбедност кој функционира во рамките на Филозофскиот факултет со организирањето на овој настан одбележува 40 години од неговото постоење.