Без струја утре дел од корисниците на четири скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија а.д. соопшти дека поради технички зафати во електросистемот утре без електрична енергија ќе останат делови од четири скопски општини.
Во општина Центар струја ќе немаат корисниците од ул.Тодор Александров број 76, од 10.30 до 11 часот, и дел од корисниците од ул. Кеј 13 Ноември (од број 92 до 110) во време од 9 до 11 часот.
Во општина Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од ул. Лука Геров од улици 2, 4 и 6, во време од 9.30 до 15 часот, и корисниците од село Кондово, Веле Поле и Кучково, село Грачани и Чашка - во време од 7.30 до 17 часот.
Од 9 до 14.30 часот струја ќе немаат корисниците од реонот Гази Баба, спроти Јаја-паша џамија во општина Чаир, а од 9.30 до 10 часот - корисниците од ул. Фрањо Клуз број 2 во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата