Македонија
30. December 2017 - 16:11

Без лиценца нема веќе летање дронови - нови правила за ред во воздушниот простор

Летањето дрон од нова година станува професија, а секој дрон со маса поголема од 500 грама и долет и виснина над 15 метри се евидентира како безпилотен воздухоплов.

 
Дражавата, преку Агенцијата за цивилно воздухопловство донесе уредба со која се регулира кој може да лета со дрон, каде и кога.
 
- Слободно може да се лета само на спортски аеродроми
 
За сите останати летови, комерцијални и за сопствени потребна е лиценца, која ќе ја издава Агенцијата, но по претходна помината обука за пилоти во акредиторан центар и положен теоретски и пракитичен испит.
 
Друг важен дел од уредбата е евиденцијата и регистрацијата на дроновите. Сите ќе мора да бидат евидентирани во Агенцијата, а оние со поголема маса задолжително ќе мора да добијат и регистрација.
 
Од агенцијата за цивилно воздухопловство не очекуваат глеми реакции во јавноста, бидејќи велат дека за летањето дронови мора да постои законска регулатива.
 
За неопчитување на одредбите од оваа уредба, важат санкциите од законот за возхухопловство, каде најниската казна е 300 евра.