Балкан
3. April 2017 - 11:24

Бели не ја признава победата на Вучиќ: Утре станувам и одам по мандатот

Најпопуларниот кандидат за претседател на Србија, Љубиша Бели, изјави вчера дека утре во седум часот ја превзема функцијата од Томислав Николиќ.

– Како што јавува Танјуг, јас победив, изјавил тој.

Вели дека не ги признава изборните резултати, освен оние во својот штаб.

– Јас сум победник, јас сум претседател 69, 97 отсто, прокоментира Бели во негов стил.

Инаку, вчера победата убедливо ја однесе Александар Вучиќ со 12 отсто повеќе од сите други кандидати за претседател.