Белгија минатата година доброволно ја напуштиле над 4.000 мигранти
Над 4.000 мигранти во Белгија минатата година прифатиле доброволно да се вратат во нивните татковини, информира државниот секретар за азил и миграција, Тео Франкен.
Во Белгија во 2015 година пристигнале вкупно 35.476 азиланти. За првите пет месеци од оваа година доброволно назад се вратиле 2.050 лица, од кои половината се Ирачани, јави БТА.
Федералната агенција за азил ги отвори канцелариите низ цела земја, каде на мигрантите им се даваат објаснувања како можат да се вратат назад, во нивните татковини.
Франкен, пред еден месец, информира дека Белгија презема чекори за враќање на азилантите од Авганистан. На Авганистанците им се даваат две можности - доброволно да се вратат во нивната татковина и за тоа да добијат материјална помош, или да бидат протерани од Белгија. Доколку прифатат да бидат вратени, тие се транспортираат до Кабул, Херат или Џелалабад. Таму за нив се обезбедува привремено засолниште, како и можност за професионална обука.
Белгија еднократно им дава по 2.200 евра за да си набават материјали за работа и да почнат мал бизнис.
Во јуни 4.500 Авганистанци во Белгија добиле писмен предлог доброволно да се вратат во нивната татковина. Претходно, белгиските власти преземаа кампања за враќање на ирачките азиланти, како и за разубедување на оние кои уште се во Ирак, но мислат да тргнат на неизвесниот пат за ЕУ.
Пред еден месец Франкен информира дека намерата за распределување на бегалците низ цела Белгија, што доби силен отпор од многу општини, нема да биде спроведена заради тоа што веќе не е актуелна и неопходна. Тој прецизира дека во мај годинава во земјата е регистриран најголемиот пад на новодојдени азиланти од 2008 година до сега, пред се, благодарение на затворањето на западнобалканската мигрантска маршрута.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори