Македонија
12. February 2016 - 16:55

Бејли предаде донација од армијата на САД за помош на бегалците кои транзитираат низ Македонија

Потребен е хуман и достоинствен третман на мигрантите и обезбедување на границите. Ова е ставот на американскиот амбасадор во земјата Бејли, кој не сака да се меша во одлуките на европските земји по ова прашање. Тој денеска предаде донација од американската армија вредна 300 000 долари  на Црвениот крст, за помош на бегалците кои транзитираат низ земјата.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните тимови на Црвениот крст транспортирале 6 мигранти од Табановце до граничниот премин со Србија. Изминатите 24 часа укажале прва помош на 300 бегалци а постојано делат и хуманитарна помош која ја праќаат меѓународни и домашни организации.