Бегалската криза повторно актуелна во југоисточна Азија
Во главниот град на Тајланд, Бангкок, денеска започна меѓународна конференција посветена на бегалската криза во југоисточна Азија.
Проблемите со илегалните мигранти, особено по откривањето на масовни гробници во граничното подрачје меѓу Тајланд и Малезија во мај годинава, беа прогласени за хуманитарна катастрофа.
Десетици илјади бегалци од Бангладеш и Мјанмар беа жртви на таканаречената „пинг-понг морска стратегија“. Бегалците неколку недели беа враќани на отворено море од крајбрежните стражи на Тајланд, Индонезија и Малезија, но под притисок на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) трите држави се согласија во привремени логори на една година, да прифатат по 6.000 бегалци.
Министерот за надворешни работи на Тајланд, Дон Прамудвинаи на отварањето на конференцијата соопшти дека има сознанија за околу 4.000 нови бегалци од Бангладеш и Мјанмар, кои деновиве со бродови се обидуваат да стасаат до тајландското копно.
Тајландскиот министер предупреди дека државите во југоисточна Азија немаат време да размислуваат за одложени решенија, бидејки ако не се договорат владите, им се дава можност на организаторите на илегалниот транспорт и трговците со робје да се вратат на сцена.
Претставникот на ИОМ денеска предупреди на можен егзодус на припадници на племето Рохингја, штто живеат во Мјанмар, без можност да добијат државјанство. На над еден милион припадници на ова племе, припадници на исламската религија по потекло од Бангладеш, Мјанмар не им дозволува ни склучување на брак со „регуларните’’ државјани на оваа земја.
Дипломатите од земјите-учеснички се согласиле за проблемите на Рохингја народот да не се расправа посебно на оваа конференција. Чекорот е направен за да се дочека формирањето на новите власти во Мјанмар, каде на изборите демократската опозиција убедливо ја победи владејачката партија, контролирана од армијата.
Ново на Сител
-
Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие
-
Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но историјата веројатно ќе го споредува со Слободан Милошевиќ
-
Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции
-
Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии