Бизнис
18. January 2017 - 19:46

Банкарите и натаму не го поевтинуваат кредитирањето

Сеуште го нема очекуваното намалување на каматите и поевтинувањето на кредитите од банките.

И по второто намалување на референтната каматна стапка од НБРМ, од комерцијалните банки нема одговор.

Последниот извештај на НБРМ покажува  намалено  кредитирање на фирмите наспроти кредитите на домаќинствата кои бележат раст. Тоа го потврдија и од бизнис секторот.

Велат дека поради политичката криза фирмите беа воздржани од нови инвестиции.

Последниот извештај покажува значителен  пораст на заштедите на граѓаните и компаниите.

Ова укажува на постепено стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, и намалување на последиците од политичката криза.

Вкупните депозити во октомври се повисоки за 3,8 отсто, што е над проектираниот раст од 2,6 % за четвртиот квартал 2016 година.

Според НБРМ растот на штедењето произлегува подеднакво од двата сектори.