Живот
27. јуни 2017 - 9:47

Бана Алабед прогласена за највлијателна личност на социјалните мрежи

Американскиот магазин „Тајм“ ја прогласи осумгодишната Бана Алабед од Сирија за една од највлијателните личности на интернет.

Бана стана позната во светот по нејзините твитови од опколениот Алепо. 

„Тајм“ својата годишна листа на навлијателни личности на интерент ја изработи врз основа на општото влијание врз социјалните мрежи и генерирање на најважните вести.

Бана со помош на својата мајка на налогот AlabedBana на Твитер поставуваше фотографии и видео снимки за животот за време на војната во Сирија.

- Не можам да излегувам поради бомбардирањето. Ве молам да го прекинете бомбардирањето, напиша Бана на 24 септември 2016 година во нејзиот прв твит. Таа има 365.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

Минатиот декември Бана и нејзиното семејство безбедно се евакуирани од источениот дел на Алепо во Турција.

Освен Бана на листата на највлијателни личности се најдоа британската авторка Ј.К. Роулинг, поп пејачката Ријана, старлетата Ким Кардашијан и американскиот претседател Доналд Трамп.