Бизнис
25. јуни 2016 - 9:24

Б2Б вмрежување меѓу компании од осум региони во Македонија

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од ЦЕЕД Македонија, денеска во Винарија Стоби во Градско, ќе биде домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од осум региони во Македонија.

На кратки бизнис средби, учесниците ќе имаат можност да се запознаат, да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

Пред присутните ќе се обрати Даниела Бојкова, регионален координатор на Проектот, ЦЕЕД Македонија.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.