Свет
3. May 2024 - 11:29

Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак.

Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.