Свет
1. March 2018 - 12:28

Австралијанците вратиле повеќе од 57 илјади парчиња оружје

Австралијанците минатата година предале повеќе од 57 илјади парчиња оружје, за време на националната амнестија на оружје.

Целта на амнестијата која траеше три месеци беше намалување на илегалното оружје со тоа што на луѓето им беше дозволено да го предадат без страв од кривично гонење.

Владата соопшти дека амнестијата предизвикала нацијата да се чувствува побезбедно.

Доколку некој биде фатен со илегално оружје, казната изнесува 225 илјади долари, а максималната затворска казна е до 14 години.

Меѓу оружјето кое е предадено на властите имало речиси 2.500 автоматски пушки, 2.900 пиштоли и минофрлач.

Поголемиот дел од оружјето е уништен, еден дел е регистриран, а еден дел е ставен на продажба.