Балкан
19. February 2017 - 13:59

Авион итно евакуиран - порака за бомба направи хаос во Турција

Авион на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ евакуиран е денеска пред полетување од Истанбул кон канадскиот град Торонто, откако во еден од тоалетите на леталото била пронајдена сомнителна порака.

Екипажот на авионот на летот ТК-17 пронашол порака „Бомба за Торонто“, напишана со големи букви на ѕидот од тоалетот.

Авионот бил веднаш вратен на делот од аеродромот предвиден за паркирање и потоа е евакуиран.

Авиокомпанијата наведе дека моментно се вршат безбедносни процедури во леталото и проверка на патниците.