Апел од МВР: Да се јават граѓаните со украдени тркала и фелни, пронајдени крадците

Против четиричлена група што крадела и препродавала тркала од возила во Скопје и се стекнала со противправна имотна корист од околу 100.000 денари се поднесени кривични пријави до надлежното Општо јавно обвинителство во Скопје.
Како што информира СВР Скопје, кривичните пријави се поднесени против А.А. (24), Б.Г. (29), Д.М. (30) и Ш.Б. (48) осомничени дека извршиле три „тешки кражби“ и едно кривично дело „прикривање“. Од страна на судија на претходна постапка на Б.Г. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, а на останатите три лица им е одредена мерка на претпазливост - одземање патна исправа и задолжително еднаш неделно јавување во суд.
Осомничените ги извршувале кривичните дела на подрачјата на Аеродром, Центар и Карпош со возило „фолксваген поло“, сопственост на А.А. Во подземните гаражи во зградите, откако ќе се увереле дека нема да бидат забележани од никого, ги демонтирале сите четири тркала на паркираните возила.
Полицијата по претходно добиени сознанија, извршила претрес во домот на А.А. при што пронашла поголема количина на комплет алуминиумски фелни со гуми, а во возилото алат и предмети со кои ги извршувале кривичните дела, при што А.А. е лишен од слобода.
Во полициската станица Центар тој во целост ги појаснил начините на кои ги извршувале кривичните дела и изјавил дека дел од украдените предмети ги продале на четвротпријавениот Ш.Б. кој поседувал нелегален вулканизерски сервис во населбата Ѓорче Петров 2.
Полицијата при претрес кај Б.Г. пронашла и одзела пиштол марка „Екол Фират Магнум“ кој е даден на вештачење на ОКТИВ при МВР на РМ, а тој е лишен од слобода.
Третопријавениот, по распишана телеграма за локален распис за лице на 3 февруари годинава, бил лишен од слобода и приведен во полициската станица Центар каде во целост ги признал кривичните дела. Во полициската станица Центар е повикан и Ш.Б. со кој е извршен разговор по што и од него се одземени дел од украдените предмети.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
