Тенис
27. January 2017 - 16:41

АО: Чешко-американска доминација во дубл

Американката Бетани Матек-Сендс и Чехињата Луси Шафаржова ја освоија титулата во двојки на Отовореното тениско првенство на Австралија.
 
 
 
Американско-чешката комбинација во финалето славеше против чешката тенисерка Андреа Хлавацкова и Кинеската Шуај Пенг со 6:7, 6:3, 6:3.
 
Матек-Сендс и Шафаржова ја освоија четвртата заедничка грен слем титула, откако во 2015 победија на Аустралијан Опен и Ролан Гарос, а минатата година го освоија УС Опен.
 
Комбинацијата Хлавацкова-Пенг до финалето на загуби ниту еден сет, но во во финалето не успеа да стигне до првата заедничка титула.